Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, сите живееме овде и затоа во мене, пред се, ќе имате вечен пријател и се надевам на добра соработка“, порачаа од Вицепремиерот и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ, кој по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, организираше прием за група просветни работници од земјите кои предаваат на босански јазик.

На средбата присуствуваа и директорот на Управата за унапредување на образованието на јазиците на заедниците Мирослав Тричковиќ и советникот за босански јазик при Управата Исмаил Демировиќ.

Како што соопштија од министерството, средбата се одржа во конструктивна атмосфера, а беа разменети мислења и ставови за актуелните состојби кои се однесуваат на етничките заедници во земјава, со фокус на подобрување на нивната положба и ширење на мултиетничкиот дух.

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ упатувајќи пригодна честитка до сите Бошњаци кои живеат во земјава вети дека ќе се потруди во идинина, а согласно средствата со кои ќе располага Министерството за односи меѓу заедниците во Буџетот за 2025 година, и тие, како и сите етнички заедници да имаат рамноправен пристап до нив.

Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, овде живееме сите и затоа во мене, пред сѐ, ќе имате секогаш пријател, рече Стоилковиќ, потенцирајќи оти се надева на добра соработка.

Изразувајќи го огромното задоволство што од постоењето на Министерството ова е прва средба со претставници на бошњачката заедница, просветните работници ветиле дека преку лилјанот како национален симбол на Бошњаците и Правописниот прирачник на босански, хрватски и српски јазик со основи на граматика заеднички ќе се заложат културата на помалите етнички заедници да се издигне на повисоко ниво.

Соговорниците на крајот од средбата се согласија дека ова е само прв чекор, со единствена цел унапредување на положбата на помалите заедници кон подобри резултати и нови, идни планови, велат од министерството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.