Во однос на одлуката со која нашата земја, како една од трите земји, не дозволи прелет на авионот на Лавров, Османи потенцира дека тоа не е однос кон Руската Федерација, туку однос кон агресијата на Руската  федерација во Украина односно политиките на Руската Федерација со војната во Украина.

Тој нагласи дека Македонија е една од многуте земји кои имаат донесено општа забрана односно затворање на воздушниот простор за прелет на компании кои што се сопственост на Руската Федерација.

– Како одговор на руската агресија во Украина, сметавме дека и ова барање на Амбасадата на Руската Федерација за ослободување за овој специјален лет се вклопува во таа општа забрана и наш однос кон Руската Федерација по однос на агресијата во Украина, изјави Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.