Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Албанија, каде ќе се сретне со повеќе преставници на македонското национално малцинство и со преставници на локалните самоуправи.
Како што соопшти МНР, министерот Османи ќе оствари средби во Тробиште и Голобрдо, а потоа ќе пристигне во регионот на Пустец.
Во Пустец предвидени се средби со претседателот на Македонската алијанса за европска иднина (МАЕИ), Васил Стерјовски, како и со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колевски, како и посета на повеќе локации, училишта, спомен куќи, кои се од посебно значење за локалните жители.
Посетата на Македонците во Албанија Османи ја најави вчера на прес-конференција на новинарско прашање во однос на актуелните тврдења на претставници од македонската заедница во Албанија дека се соочуваат со притисоци да се попишат како Бугари на претстојниот попис закажан во октомври.
Јас веќе имав комуникација со нив и се договоривме, ќе ги посетам и Пустец, Џепиште и Требиште, каде исто така живее македонско национално малцинство во Албанија. Ќе ги посетам и општините и училиштето и ќе имам комуникација со граѓаните и нивното здружение во текот на целиот утрешен ден за да ги слушнам нивните забелешки и да видиме што можеме ние да помогнеме во комуникација со Република Албанија, изјави Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.