Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во официјална посета на Република Турција, при што ќе се сретне со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.

Билатералните односи и мултилатералната соработка во рамки на НАТО и ОБСЕ, регионалните предизвици, како и последици на руската инфазија на Украина, ќе бидат во фокусот на разговорите на средбата, информираа од МНР.

Како што е најавено, Османи ќе има средба и со претседателот на големото национално Собрание на Турција, Мустафа Шентоп.

На маргините на посетата на Анкара, Османи ќе се сретне и со поранешниот министер за надворешни работи на Турција Хикмет Четин, кому ќе му додели признание по повод 30 годишнината на независноста на Македонија. цр/са/

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.