Шефот на дипломатијата Бујар Османи утре и задутре ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешните работи на земјите членки на НАТО, што ќе се одржи во Берлин.
Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе биде руската воена инвазија во Украина, можните импликации од војната врз сојузниците, вклучително и безбедносните ризици и идната одбранбена поставеност на НАТО, како и претстојниот самит на лидерите во Мадрид.
На состанокот се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, кои ќе информираат за најновиот развој на настаните, придобивките и импликациите врзани со можното идно членство на овие две земји во Алијансата.
На маргините на состанокот, се очекува Османи да оствари билатерални средби со министрите за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, како и со други колеги
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.