Таму каде што во употребата се стандардот на ИСО класификациите, секаде за земјава се користат кратенките МК или МКД, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на новинарско прашање за наводна употреба на кратенката НМК за земјава во Советот на Европа.
Пример ќе ви го кажам случајот во НАТО. Во НАТО секаде е МКД. Но, при сликањето при распоредување, правилото е да се користи правата буква на државата и таму стои НМК на местото каде што се сликаат министрите. Затоа што такво е правилото. Треба да се смени распоредот на седење. Меѓутоа во документите каде што во употреба е ИСО класификацијата, секогаш е МКД. Така е и во Советот на Европа, така е и во секоја организација – истакна Османи.
Според него, не смееме да отвораме прашања, кои што се затворени, бидејќи кодовите на земјава се МК и МКД.
Неформалните места на распоредување на столчиња, дали ќе биде по првата буква и дали ќе седите до Норвешка или до Монтенегро (Црна Гора), е прашање кое е неформално и не е уредено со никакви регулативи – додаде Османи.
Во однос на тврдењето дека на табла на влезот во Советот на Европа била наведена кратенката НМК, Османи истакна дека ќе биде проверена ваквата информација.
Официјалната кратенка е МКД и само таква може да биде и никаква друга – потенцира Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.