Македонија се уште го нема добиено предлогот на Франција за преговарачката рамка за Бугарија, но додека бил подготвуван документот имало консултации на македонската влада со француската страна, тврди министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој во вечерашното интервју за „Телма“ додава дека сепак предлозите кои ги дава Франција се нејзини одлуки.

Османи притоа вели дека молкот од македонската влада за документот е со цел нивниот став да не стане алиби во пресрет на дебатата во Бугарија за францускиот предлог. Шефот на дипломатијата притоа е на став дека во моментов не постои политичка волја во Софија за да се влезе во конкретни разговори по конкретните прашања, решенија и документи.

Во меѓувреме БГНЕС го објави францускиот предлог во чиј документ се предвидува јасно договорени позиции на Скопје и Софија. Предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за деблокада на евроинтеграциите за Македонија редвидува историските личности за кои Заедничката историска комисија веќе постигнала компромис да бидат објавени и прифатени за општи прослави со приложен календар за 2022 и 2023 година.

Меѓуостанатото, се предвидува и преименување на Самоиловата тврдина во Охрид. Повеќе тука:

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.