Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Бујар Османи пак со предлог да се воведе клаузула во Законот за спроведување на Уставот.
Тоа би значело дека ако продолжат бугарските блокади на македонскиот евроинтегративен пат и по внесување на Бугарите во Уставот, Парламентот ќе може да ги суспендира уставните измени.
Османи потенцира дека Македонија треба да го исполни овој европски услов, и дека развојувањето на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ не е добро за Македонија.
На предлогот на Османи одговори владината портпаролка, Марија Митева. Му порачаа дека нема кредибилитет да говори на оваа тема и дека се сомневаат во искреноста на неговите намери.
Премиерот претходно најави дека во подготовка е писмо со нови предлози за тоа како да продолжат преговорите со ЕУ.
Опозициската СДСМ, пак, излезе со став дека нема да ја кочи иднината на земјава за политичка корист и дека ќе даде поддршка ако се обезбеди одложена примена на уставните измени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.