Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, имаше предавање пред студентите на меѓународното право/прашања при американскиот Универзитет Јеил, на тема иднината на ОБСЕ.

Преку видео врска Османи истакна дека времето во кое живееме, полно со безбедносни предизвици и непредвидливости, ја наметнува неопходноста за постоење на организацијата како што е ОБСЕ.

Дел сум од луѓето што сметаат дека во случај да го немавме ОБСЕ, навистина ќе ни требаше да го создаваме, рече министерот.

Образложувајќи ги предизвиците со кои се соочува Организацијата поради немање консензус меѓу земјите учеснички, Османи истакна дека Македонија преку организирањето на претстојниот Министерски совет се залага да ја врати суштината на Организацијата, а тоа е дијалогот, како предуслов за компромис и консензус.

ОБСЕ, како и секоја институција, не е цел сама по себе, туку средство и инструмент кој служи за постигнување на целта, заклучи Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.