Министерот за надворешни работи Бујар Османи е гостин во вестите. Ветува, протоколот ќе го објавиме пред да ставиме потпис на него. Но зошто е оптимист дека вмро-дпмне ќе ги поддржи уставните измени иако тие одлучно одбиваат?

-Само временски коинцидираат поради целиот пакет. Протоколот е записник од средба која не е одржана. Тоа што ќе го разговараме ќе влезе во записник. Мерките кои што ги предвидуваме да се усогласуваат. Тие мерки пред да бидат потпишани ќе бидат објавени во јавноста. Тоа што сега договараме се принципите. Треба да се оди на средба и да се разговара, па потоа да се објави. Таа средба не е остварена и треба да се случи во иднина. Имаше една верзија, разговаравме со Историската комисија, рече Османи во интервју за Тв 24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.