Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека имал средба со амбасадорката на Украина во нашата држава, Наталија Задорожњук, но немал и засега не планира да се сретне со амбасадорот на Русија, Сергеј Баздникин.
На прес-конференција по средбата со министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, Османи повика веднаш да прекинат воените активности во Украина и да се седне на маса со цел преку политички дијалог и дипломатски средства да се надвмине оваа ситуација, која, како што потенцира, прво има директна деструктивна активност за луѓето во Украина, но и за граѓаните на Русија, но може да има далекусежни последици по целиот континент и целиот свет.
Ние ја осудивме оваа руска агресија во Украина, сметајќи ја како нарушување на меѓународниот правен поредок, на суверенитетот и територијалниот интегритет на независноста на државата, на правото на независните држави да си одредат сами надворешно – политички приоритети. Вчера се придруживме на санкциите на ЕУ кон Русија, меѓутоа се придруживме и на сите рестриктивни мерки што ЕУ ги воведе од 2014 година кога беше анектиран Крим, со цел да ја одвраќаме Русија од продолжување на овој воен конфликт – изјави Османи, прашан какви ќе бидат билатералните односи со Русија во однос на тоа што се случува сега во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.