Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски за време на чествувањето на 95-годишнината од смртта на Мара Бунева на Кејот на Вардар во Скопје на 13 ти јануари извикуваше „Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море“.

Запрашан за тоа дали Министерството за надворешни работи ќе донесе одлука за персона нон грата, министерот Бујар Османи денеска порача дека истата ќе се донесе, само доколку ескалира состојбата.

Османи додава дека нема да му влезе во игрите на Џамбаски, затоа што според него, тоа се игри на маргинален политичар кој собира поени.

„Дали јас влегувам во неговата приказна, да му дадам тежина, да му го спомнам името, па уште да го прогласам персона нон грата, па тој со таа персона нон грата да прави кампања. Не можам да кажам дали сто посто сме во право со таа одлука да не му влеземе во неговата приказна. И јас, дадов во соопштението да се пишува – маргиналниот политичар, а не со име и презиме. Бидејки и ние ова го разговараме во министеството. Предлози има“, изјави Бујар Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.