Вметнувањето на протоколот во преговарачката рамка го прави францускиот предлог неприфалтив за нашата страна, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Како што додава првиот дипломат, секогаш Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство биле во основниот документ, во параграфот 5.

„Бидејќи се создаде таква хистерија по однос на францускиот предлог, а генерално таму е едно прашање на коешто забележуваме и сметаме дека го прави неприфатлив за нас. Тоа е прашањето на вметнување на протоколот во преговарачката рамка, иако и во досегашните предлози и на Комисијата и во текот на германското и португаското и словенечкото претсеадтелство, секогаш, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство биле во основниот документ, во преговарачката рамка во параграфот 5“, рече Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.