Шведска ќе стане 32. земја-членка на Алијансата откако во Вилнус беше постигнат договор за тргање на блокадата од Турција
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, од главниот град на Литванија, Вилнус, оцени дека се одлични вестите што се постигнал договор Турција да го одблокира приемот на Шведска во НАТО.
„Одлични вести од овде од Вилнус! За време на НАТО самитот се постигна политички договор со кој нашиот сојузник Шведска се приклучува во трансатлантското семејство, продолжувајќи го патот до полноправно членство како 32 земја – членка на НАТО. По членството на Финска, ова е најважниот политичко – безбедносен настан кој не само што значително ја зајакнува моќта на Алијансата, туку и силно ќе влијае на долгорочната безбедност и стабилност на Европа“, – вели Османи кој заедно со министерката за одбрана Славјанка Петровска е дел од делегацијата што ја предводи премиерот Димитар Ковачевски на Самитот во Вилнус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.