Со организирањето на Министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје покажавме дека и малите држави можат да дадат голем придонес на големата меѓународна сцена, рече вечерва во Тема на денот на Сител ТВ, министерот за надворешни работи и претседавач на 30. Министерки совет на ОБСЕ во Скопје.
„Република Cеверна Македонија го положи испитот и затоа денеска низ целиот свет, од Ванкувер до Владивосток се зборува за успехот на оваа мала држава на Балакнот“,рече министерот Османи.
Според него, ова е најевтин Министерски совет на ОБСЕ досега организиран и за него досега се потрошише околу три милиони евра.
„Немало подобро организиран Министерски совет на ОБСЕ во последните десет години и е најевтин министерски совет споредбено со било која друга држава. Ни беше кажано од ОБСЕ од Виена, предвидете пет милиони евра за настанот. Толку отприлика во просек се трошат за организација за настанот. Тоа се строго предвидени стандарди. Досега потрошивме околу три милиони евра. Но, за овие настани нема цена. Ова што се случи во Скопје не може да се плати со пари, не може да се плати експозицијата која ја имаше државата на меѓународната сцена“посочи тој.
Според Османи, имало многу негативни коментари од опозицијата, но како што посочи, тој да бил на нивно место би кажал браво за организација на настанот. Но, Османи додава дека тоа се луѓе, за кои смета дека не можат да дигнат над тесно партискиот интерес.
„Жално е каква алтернативна опција имаме. Тоа се луѓе кои знаат само да го трујат јавното мислење. Прават ѓтета на граѓаните“ додаде Османи.
Според министерот, спасувањето на ОБСЕ, од идеја до реализација е дело на нашата дипломатија.
„Ова создаде нив имиџ за нас во светот, создаде доверба дека никој не може да не потцени“ додаде тој.
Доаѓањето на двајцата дипломати на САД и на Русија, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, според Османи било умешност на македонската дипломатија.
„Немаше шанси да ги седнете на иста маса и Лавров и Блинкен. Опцијата беше да ги немате и двајцата. Најдовме таков начин да ги имаме и двајцата во Скопје. Блинкен ја смени рутата да дојде во Скопје и да даде поддршка на Македонија и на нашето претседавање. Целата кореографија да ги имате и Блинкен, Камерон и Лавров и сите останати министри за надворешни работи беше наша. И со тоа да постигнеме и консензус“објасни тој.
Османи, рече дека без уставни измени нема продолжување на преговорите со ЕУ.
„Тврдам дека уставните измени ќе се случат и ќе гласаат тие актери кои сега се противат. Ќе се случат во било која комбинација за шест месеци од сега. Малите држави не можат без Европската Унија. Било која влада во било која композиција не може да издржи во услови на немаше на европски процес. Тоа е како да работите со изгасени светла“ заклучи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.