Јавноста на социјалните мрежи бара прес-конференција од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да објасни што се случи со малата Вања.

-По оскудните информации во јавноста утре нема да го пуштам моето дете во училиште. Киднапирање со возило од пред зграда и убиено девојче по два саати по киднапирањето -коментираат родители.

Докторот Ненад Лазаров со бурни реакции на својот фејзбук профил во однос на шокантните информации за смртта на Вања. Тој напиша:

„МВР должи сериозна прес конференција ВЕДНАШ зошто вечерва ниеден родител нема да спие мирно во Македонија. И тоа како фали објаснување што е тоа “користољубие” и поврзаноста меѓу двата случаи. Сочувство до семејството“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.