Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со премиерот Талат Џафери, денес, во Минхен, ја посети базната станица во Генералниот конзулат на Македонија, каде што се врши фотографирање и земање биометриски податоци за издавање пасоши за нашите државјани.

Османи изјави дека пред него има речиси 300 пасоши на македонски државјани, кои се стигнати од Скопје и за кои фотографирањето било пред неколку недели.

„Пасошите на граѓани што се фотографирале на 26 јануари веќе се стигнати преку МНР и имавме можност да ги издадиме. Рокот за чекање се скратува значително“, рече Османи.

Посочи дека базните станици работат постојано, воведено е двосменско работење и се надева дека им се излегува во пресрет на граѓаните во однос на патувањата.

„Некои држави не прават проблем за доаѓање во Скопје, но сепак најбезбедно е да земат патен лист или да се фотографираат за нов пасош. Граѓаните што се враќаат со патен лист треба да се сигурни дека во Скопје имаат термин или ќе го добијат пасошот во рокот колку што може да останат оти враќањето ќе биде тешко ако немаат пасош. Сепак, најсигиурно е да се фотографираат во конзуларните претставнишва и да го добијат пасошот“, рече Османи.

Додаде дека не е совршено, постојат предизвици со оглед на тоа што голем број граѓани бараат нов пасош, но се обидуваат со сите ресурси да им излезат во пресрет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.