Шефот на дипломатијата Бујар Османи синоќа во телевизиско гостување изјави дека се уште немаме постигнато формален договор со Бугарија, ниту пишан, ниту усмен.

За секој проблем постојат решенија и токму за тие дискутираме. Но, некои од решенијата не ја добиле потребната потврда. Но, мислам дека има сè уште надеж, има политичка клима за ова да се случи – рече Османи.

Тој рече дека дека во тек се преговори со бугарската страна и оти за за тоабиле информирани и премиерот и претседателот на државата.

Сите сме на иста линија – изјави Османи.

Тој се осврна и на неодамнешната шега на албанскиот премиер Еди Рама, дадена на самитот во Солун викендов, претставувајќи го премиерот Димитар Ковачевски, како премиер на „идна Западна Бугарија“

Премиерот Рама беше многу остар кон бугарската делегација во Солун, до толку што и тие се вознемирија, посебно кон прашањето за Македонија велејќи дека ова што го прави Бугарија е голем срам – коментираше министерот Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.