Очекував таа средба да биде со мене, а не во Софија или во Брисел, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со средбата со претставници на македонските Бугари за која пишуваат бугарските медиуми.

– Таа порака ја упатувам постојано. Државјаните на Република Македонија, без разлика на која етничка група припаѓаат, имаат своја влада и свои институции каде може да ги адресираат своите прашања и проблеми. Јас сум постојано отворен за средба со која било група наши државјани од која било етничка припадност. Овие денови имаше влошување на таа комуникација со Република Бугарија и чекам да спласнат емоциите за да може да се продолжи со нормалната агенда. Многу ни е важно пред светот да го задржиме тој имиџ на земја која има постигнато највиско ниво на индивидуални и колективни права на сите граѓани. Толку е инвестирано во таа цел и сите обиди да се се фрли дамка дека државата дискриминира некого по етничка основа тешко не погодува. Ние ќе продолжиме да ги негуваме тие вредности – рече денеска Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.