Во рамки на учеството на 78. Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, денес министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок.
Османи се заблагодари за гласната поддршка за пристапниот процес на Република Македонија во ЕУ, изразена преку низа чекори како, тнр. „германски“ предлог, клучната политичка основа преку која се создаде денешниот европски пакет за нашите европски интеграции, и усвоената Резолуција во германскиот Бундестаг, со која се реафирмираат македонскиот идентитет и јазик на патот на нашата земја кон Европската унија.
Ваквиот чекор е уште еден чин на поддршка на пријателска Германија на европската иднина на нашата земја и дополнителна гаранција на идентитетските прашања на Македонија, кои се веќе признати од страна на Европската унија“, изјави Османи.
Бербок упати пораки на поддршка на евроинтегративниот процес на нашата држава, и признание за постигнатиот напредок во исполнувањето на преговарачката рамка. Оцени дека со отворањето на поглавјата, нашата позиција кон ЕУ станува сé посилна, воедно уверувајќи дека германската поддршка на нашиот европски пат ќе продолжи и во иднина.
Двајцата министри изразија задоволство од развојот на одличните односи меѓу двете пријателски земји, кои оваа година одбележуваат јубилејни 30 години од воспоставување на дипломатските односи, како и уверување дека и во иднина ќе продолжат посветено да работат на унапредување на македонско-германското партнерство.
Беше заемно поздравена соработката во областа на економијата, чија динамика во континуитет бележи нагорен тренд на раст. Германија е клучен економски партнер во вкупниот развој на Македонија и подолг период е најголем трговски партнер и помеѓу поголемите странски инвеститори во земјата – констатираа министрите.
Двајцата соговорници разменија мислења и во однос на актуелните политички и безбедносни состојби во земјите од Западен Балкан, а дискутираа и за соработката и предизвиците во рамките на претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.