Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска учествуваше на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС во Маракеш, Мароко. Ова, како што соопшти Министерството, претставува прв состанок на Коалицијата одржан во Африка.

Во своето обраќање на состанокот на Коалицијата, Османи ја потенцирал потребата од заеднички одговор на предизвиците кои произлегуваат од ситуацијата во Авганистан, но и од другите кризни жаришта во светот.

Безбедносните предизвици на денешницата не познаваат граници и бариери, и само со меѓусебна и крос, континентална соработка може да се постигне одржлив мир. Македонија уште пред членството во НАТО, од 2002 година, активно придонесува за зачувување на мирот во тој регион, подвлече министерот.

На маргините на состанокот на Коалицијата, Османи оствари билатерални средби со своите колеги од Франција, Жан-Ив Ле Дриан и Кувајт, Шеик Ахмед Насер Ал-Мохамед Ал-Сабах, како и со потсекретарот за политички прашања на САД, Викториа Нуланд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.