Mинистерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, на 20 мај 2022 година во Торино ќе учествува на 132-та министерска сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа. На Министерската сесија, со која претседава Италија, ќе учествуваат министрите за надворешни работи на 46-те земји членки на најстарата европска организација за човекови права, демократија и владеење на правото.

 

На Сесијата, се очекува да бидат дискутирани повеќе актуелни теми, со фокус на последиците од агресијата на Руската Федерација врз Украина, што меѓу другото доведе и до исклучување на Руската Федерација од Организацијата во март оваа година. Исто така на самиот состанок ќе се изврши и примопредавање на претседателството со Комитетот од Италија на Ирска за следниот шест-месечен период.

 

На маргините на министерската сесија предвидени се и повеќе билатерални средби на МНР Османи со министрите за надворешни работи на Молдавија, Грузија, Азербејџан, Ерменија како и заменик министерката на Украина, како и со високи претставници на Совет на Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.