Претседателскиот кандидат Бујар Османи на прес-конференција истакна дека според атмосферата во политичките партии, нема да има формирање влада без договор за уставните измени. Тој посочи дека повеќето партии кои се сега во различни блокови имаат потпишано документ со кој се обврзуваат дека нема да бидат дел од влада без јасен договор за уставни измени.

„Затоа сум убеден дека прво ќе има договор, односно уставни измени, а потоа ќе има влада.Јас, тој период, како претседател, ќе го користам за постигнување надпартиски, државен консензус во однос на овие прашања. Од атмосферата што ја гледам во политичките партии, нема да има формирање влада без договор за уставни измени во 2024 година и отворање на поглавјето. Првата работа што ќе ја направам како претседател, ќе биде да ги свикам лидерите на политичките партии и главните чинители во државата на состанок што ќе трае колку и да треба, со денови и недели, но нема да излегуваме од тој состанок додека не си подадеме рака еден на друг, додека не постигнеме надпартиски државен консезус дека ЕУ е без алтернатива и дека ќе продолжиме да се натпреваруваме по однос на сите теми и прашања, но не и по однос на ЕУ, бидејќи директивите и регулативите на ЕУ се фиксни – или ги прифаќате или ги одбивате.Мислам дека имаме консензус дека ги прифаќаме, тогаш чуму разлики по однос на процесот на ЕУ“, подвлече Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.