Откако вчера претседателот на Франција, Емануел Макрон, чија земја претседава со ЕУ до крајот на месецов, изјави дека се надева дека сѐ уште е можен договор меѓу Скопје и Софија за преговарачката рамка, притоа употребувајќи го изразот „Северномакедонци“, македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи се стави во одбрана на Французинот.

Тој тврди искомуницирале со Амбасадата на Франција во Македонија и се работело за ненамерна погрешна формулација.

Комунициравме со француската амбасада. И вчера бевме цел ден со неговата делегација. Нема никакви дилеми дека тоа е ненамерна погрешна формулација. Претседателот Макрон нема дилема по однос на идентитетот и прашањата кои овде се дефинирани но и во Обединетите нации и ЕУ.

Претходно, Макрон рече: „Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Cеверна Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот Парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии“, и додаде дека со „северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.