Утре во Софија министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Осамни и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска ќе го потпишат протоколот меѓу двете министерствата, јавува БНТ. Како што пишува БНТ, ќе се одржи вториот состанок на мешовитата меѓувладина комисија на Бугарија и Македонија.
Во рамки на средбата ќе се направи преглед на имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и ќе се договорат мерки за негово ефикасно спроведување во следниот период. За таа цел ќе биде потпишал протокол помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Теодора Генчовска и Бујар Османи, пишува БНТ.
Ова ќе биде втор состанок на мешовитата меѓувладина комисија, неговиот старт е закажал во 10 часот по локално време, а одржувањето е согласно членот 12 од Договорот за добрососедство од 2017 година.
По состанокот, се очекува двајцата шефови на дипломатиите да одржат и прес-конференција.
Ова ќе следува откако денеска Собранието на Македонија ги изгласа заклучоците за францускиот предлог, а Владата потоа одлучи да го прифати предлогот.
Потпишувањето на протоколот, пак, е во пресрет и на првата меѓувладина конференција за отворање на преговорите со ЕУ, која премиерот Димитар Ковачевски, најави дека ќе се одржи во вторник (19 јули).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.