Кандидатот на ДУИ за претседател Бујар Османи денеска преку својот Фејсбук профил упати покана за заеднички ифтар до претседателските кандидати Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ, Арбен Таравари поддржан од албанската опозициска коалиција Вреди и Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ.

Како што потенцира Османи на објавата, ги кани на заеднички ифтар за да се договораат за позитивна и конструктивна кампања.

-На денот кога ја чекаме потврдата на нашите кандидатури за претседател на Република Македонија, сакам да ги поканам кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Силјановска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски на заеднички ифтар со цел во духот на овој месец да разговараме и да се договориме за позитивна, конструктивна кампања и натпревар на идеи за да добиеме европски претседател, вели Османи во објавата на Фејсбук.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.