Шефот на дипломатијата Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите посочи дека државата ги решила своите егзистенцијални прашања, внатрешно се консолидирала по однос на функционалната демократија и меѓуетнички односи, си ги средила односите во соседите, се етаблирала меѓународно.

Сега останува корупцијата“, изјави Османи.

Тој смета дека фокусот на стратешките партнери на земјава сега е ставен врз корупцијата, оти се решени другите големи прашања. На денешниот брифинг со новинарите министерот за надворешни работи оцени дека тоа е позитивен развој на државата.

„Мислам дека и овој фокус на САД кон антикорупциската политика, не е одраз дека се случува нешто поинакво овде во однос на корупцијата, туку одраз дека влегуваме во една нова фаза на развојот на државата. Државата ги реши своите егзистенцијални прашања, ако можам така да кажам, внатрешно се консолидираше по однос на функционалната демократија и меѓуетнички односи, си ги среди односите во соседите, се етаблираше меѓународно. Значи ова е позитивен развој на државата и општеството во којшто останатите прашања кои ни беа фокус веќе се решени, сега останува корупцијата“, кажа Османи.

Според него земјата влегува во таков еден модус на развој, во кojшто антикорупцискитa политикa ќе била најважната, а тукa ќе билепомогнати и мониторирани од двата стратешки партнери – ЕУ и САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.