Во својство на претседавач со ОБСЕ средба со претседателот на Украина Володимир Зеленски
📌 Импресивна е пожртвуваноста и посветеноста на Претседателот Зеленски во заштита на украинскиот народ и храброста во соочувањето со предизвиците и последиците од агресијата на Руската Федерација врз Украина.
🤝 ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и ќе продолжи одблизу да ја набљудува состојбата.
🤝 ОБСЕ ги има механизмите и капацитетот да им помогне на луѓето од конфликтните подрачја преку работата на терен. Еден од првите чекори треба да биде итното враќање на теренска мисија на ОБСЕ во Украина, напиша на Фејсбук, министерот за надворешни работи, Бујар Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.