Социјалистичката партија на Македонија оценува дека кандидатот за претседател и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи е постојано активен во смислувањето идеи како да ѝ наштети на државата.
Свесен дека е на заминување и веројатно никогаш нема да може да биде на функцијата што ја врши, Османи предлага промени кои се неприфатливи и непристојни. Неговите напори за напуштање на процесот Отворен Балкан за да немало влијание од соседите врз Македонија е целосно спротивставување на интересите на државите, бизнисот и на граѓаните од регионот. Османи заедно со СДС направија многу за рушење на угледот на Македонија на меѓународен план, реагираат од СПМ.
Според нив, наместо поврзување – Османи се залага за подредување на Македонија под други држави и за формирање на бордови како надворешни институции кои ќе бидат управувачи и губернатори со државата.
Заслугата на Османи е што го зајакна антимакедонизмот кај бугарската политичка елита и ги сруши мостовите меѓу соседни народи. Ги прифаќа бугарските империјални уцени и лажно ветува дека Уставот ќе се смени за да се формира нова влада после изборите што е надвор од здравиот разум. Непознавањето на надворешната политка овој залутан абдоминален хируг го прави целосно несоодветен и погрешен избор за функцијата што ја врши. Служејќи на разни геополитички интереси, а против македонските, Османи станува уште повеќе недораснат за функцијата претседател за која конкурура со смешни тези и предлози. Социјалистичката партија на Македонија со индигнација ги отфрла целосно погрешните идеи на Османи и им укажува на граѓаните дека гласови за него се гласови за криминалната банда на СДС и ДУИ и нивно натамошно тоталитарно владеење „како и до сега“, велат од СПМ и нагласуваат дека единствено решение е избор на кандидатите на Коалицијата „Твоја Македонија“ кои се вистински застапници и бранители на македонските интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.