Граѓаните на Општина Велес ќе можат да аплицираат на јавниот повик за субвенции за купен велосипед, што ќе трае до 7 август 2024.
Како што информираат од Општина Велес, на барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.500,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
Изборот по јавниот повик ќе се реализира по принципот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“.
Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на Јавниот повик па се до 07.08.2024 година, ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.
Повеќе информации околу условите и начинот за аплицирање ќе може да најдете на официјалната веб страна на Општина Велес – https://veles.gov.mk/javenpovik-velosiped-2024/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.