Тетовска маркетинг агенција распиша конкурс на кој повика заинтересирани за дијазнирање на лого-порепознатлив знак за градот Тетово. Повикот е споделен и од општински профили на социјалните мрежи.

Маркетинг агенцијата потенцира дека целта е да се прави ново заштитно лого (знак) на Тетово за промовирање на градот.

Логото ќе се користи во сите туристички инфо центри и промотивните материјали како маички, дуксери, капи, торби, магнети и оналајн, кои ќе им се нудат на туристи и посетителите. Наградата за дизајн на новото лого ќе биде 50 илјади денари, се вели во повикот.

За повеќе активности за брендирање и промоцијата на градот, општината треба да плати над 32 илјади евра. Договорот помеѓу Општина Тетово и маркетинг агенцијата за „Подготовка и изработка на промотивни материјали и брендирање на градот“ е објавен на електронскиот систем за јавни набавки.

Изведувачот услугите ќе ги изведе за вкупна вредност од 2.003.649 денари без ДДВ, се вели во членот 2 од Договорот.

Двете страни се договориле на 15 февруари 2023 година, а договорот е со важност од една година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.