Во насока на поддршка на нашите сограѓани на кои тоа им е најпотребно, воведуваме зона за хуманитарни паркинзи, објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на Фејсбук.

Граѓаните преку плаќање за паркинг ќе донираат во хуманитарни цели. Средствата кои ќе бидат собрани од наплатата на паркинг ќе се донираат онаму каде што тоа ќе биде најпотребно.

За почеток е предвидено две паркинг места на улица „Кеј Македонија“ да бидат посебно обележани, а планирано е во иднина хуманитарни паркинзи да се обележат на повеќе локации низ градот.

Носител на проектот е ЈП „Билјанини извори“, додека Општина Охрид е прва општина во Македонија која воведува ваков тип на паркинг простор.

Охрид од секогаш бил хуман град, а наша цел е да продолжиме да го развиваме во таа насока, напиша градоначалникот Пецаков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.