Скандалозна е објавата на општинската организација на СДС во Арачиново со која ги повикуваат да се јават во партиската организација жителите кои сакаат да се вработат во Армијата како професионални војници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е срам за Македонија како членка на НАТО. Според кои стандарди на НАТО се врши ваков избор на професионални војници во париска организација?
Тоа што вчера јавноста го дозна беше само кулминација на тоа што СДС и ДУИ го правеа изминатите 5 години. Максималната партизација во секоја институција ја донесе државата до ова дереџе.
За ваквата пракса за партиски избор во АРМ сигурно знаеле и дезертерот Ковачевски и Миле Зечевиќ и министерката Славјанка Петровска и во најмала рака за ваков срам ќе имаше оставка уште вчера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.