Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е жив и расположен за држење говори откако се повлече од јавноста по случајот „Денис Тот“.

Најмалку што се очекуваше од него по низата шпекулации и контрадикторни изјави беше да ѝ се обрати на јавноста и да ѝ даде со конкретни одговори. Револтирана, јавноста бара и оставка од Спасовски, но секако, нема ниту збор за тоа.

Министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски да поднесе оставка, снимката од убиството на Тот е доказ дека МВР го прикривала случајот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Спасовски е директно одговорен зошто четири дена МВР не излегува со јасна слика за убиството на ракометарот Тот.

Наместо тоа, денеска во Меморијалниот Центар на Холокаустот на Евреите во Македонија, се обратил на Конференцијата во организација на ОБСЕ, посветена на Еврејската заедница на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.