Се наоѓаме пред исклучително важен момент за нашата држава, кога заеднички треба да донесеме одлука, дали Македонија ќе биде повторно горда и достоиствена, или ќе дозволиме да ја доуништат оние кои во измнативе 7 години, освен за сопствените џебови, не сработија ништо добро за народот, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Поддршката дадена за број 2 и професорката Гордана Силјановска Давкова, е поддршка за нејзината визија и програма, поддршка за да застане вистински професионалец на чело на државата, докажан со сето свое знаење, квалитет и капацитет. Време е да избереме дали сакаме промени, или сакаме и понатаму да тонеме во хаос и безредие, кои благодарение на СДС и ДУИ станаа секојдневие.

Во текот на целата кампања, можевте да видите кој настапува со добра мисла и искрена намера, а кој во недостиг на вештини и знаење, се служеше со навреди и говор на омраза.

За време на секојдневните средби со вас, жителите на Општина Прилеп и населените места, добивме огромна и безрезервна поддршка. Убеден сум дека таа поддршка ќе се преслика и на изборите во среда.

Граѓаните многу добро го препознаваат концептот што значи развој просперитет, реални мерки и решенија кои ги нуди ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова, наспроти безидејноста и лагите, кои ги нудат СДС и останатите кандидати.

Драги сограѓани,

Ве повикувам во среда, во една мирна атмосфера, да излезете масовно и да гласате за број 2. Не дозволувајте вашето седење дома да биде злоупотребено и искористено од СДС и ДУИ.

Ве повикувам да гласате за број 2 и кандидатот за претседател и иден претседател на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова.

Бидете храбри и одлучни, не подлегнувајте на никакви притисоци, закани, поткуп и уцени. Помина нивното време. Зад параванот сте само вие и вашето право на избор.

Број 2 за Република Македонија да биде повторно во ваши раце. Број 2, за Гордана Силјановска Давкова, број 2 за Македонија да биде повторно горда!, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.