Владата на седница ја задолжи Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да почне постапка за враќање на оградата на владината зграда, која веќе еднаш беше поставена.

Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена, се вели во владиното соопштение.

Истовремено, како што потенцираат од Владата, директорот на СОЗР Ивица Томовски информирал оти оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка.

Владата ја задолжи Службата за заеднички и општи работи да ја врати оградата која беше поставена околу владината зграда, но насилно извадена од страна на претходната власт и заменета со дотраени полициски огради наменети за разбивање на граѓански собири.

Оградата е лоцирана и истата е во незавидна состојба, што може да се види и од фотографиите. Она што е посебно фрапантно е акутната негрижа кон државниот имот.

СОЗР ќе направи напори со сопствени сили да ја стави оградата на нејзиното вистинско место во најкус период, вели Томовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.