Припадниците на таканаречената „Огнена група“ предводени од градоначалникот на Сарај Блерим Беџети и пратеникот Изет Меџити денеска беа на средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети во Мала Речица.
Беџети, кој преку фејсбук објави дека Ахмети му е пријател, по средбата кусо изјави дека остануваат на ставот за промена во извршната власт.
Денес не сме тука за договор, ние сме тука за проблемите на огранокот што реално секој огранок, па и огранокот на Сарај ги има, има свои незадоволства, свои достигнувања, вели Беџети, a пренесува „Фокус“.
Пратеникот од неговиот огранок во Сарај Арбен Зибери, пак, изјавил дека средбата поминала во позитивна атмосфера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.