Врнежите од дожд ги раздвижија одроните во Пијанечкиот регион каде попладнето регистрирани се помали одрони на патните правци Делчево – Пехчево – Берово и Делчево – Македонска Каменица – Кочани. Според информациите на подружницата на „Македонија Пат“, во моментот се исчистени одрони на делницата кај пехчевското село Црник, како и на останати делници каде се регистрирани одрони.

Во време кога дождовите продолжуваат, апелот е да се вози внимателно, да се прилагоди брзината и да се почитува сообраќајната сигнализација, истакнуваат од „Македонија Пат“.

Како што се додава во соопштението, нивни екипи дежураат на терен со цел отстранување на оние места каде има потреба.

Поради дождот сообраќајот во најголем дел од патиштата во Пијанечко-малешевскиот регион се одвива по влажни коловози.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.