На предлог на Комитетот за преговори за изградба на Коридорот 8 и 10 д, Владата го одобри договорот за изградба на планираните четири автопатски делници на овие коридори, информираше Кабинетот на вицепремиерот Артан Груби.
Одобрувањето на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10д доаѓа по четиринеделните преговори кои се водеа меѓу консултантот за финансиски трансакции на Владата, ИРД, и меѓународниот конзорциум „Бехтел Енка“.
Денеска е голем ден во Управниот комитет и во Владата каде го разгледавме Извештајот на нашиот консултант за преговорите со конзорциумот Бехтел Енка за изградба на Коридорот 8 и 10-Д како и одобрување на содржината и потпишување на договорот, истакна Груби.
Владата пред неколку недели го одобри заклучокот предложен од Комитетот за преговори дека се исполнети сите предуслови за почеток на преговорите и формирање на работни групи меѓу Бехтел Енка и ИРД, активности што се одвиваа во изминатите 28 дена.
Владата минатата година потпиша меморандум за соработка со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и негово номинирање за стратешки партнер за овој проект.
„Призма“ објави истражувачка сторија за Бранислав Димитријевиќ македонски државјанин под истрага на ерменското обвинителство и сопственик на фирмата „Евро консалтинг ДОО“, како и фирмата за која работел во Ерменија, шпанската Ептиса, се дел од конзорциумот компании што го добија тендерот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10 Д што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум, Бехтел и Енка.
Опозицијата побара Јавното обвинителство итно да отвори постапка за случајот околу тендерите за изградба на Коридорите 8 и 10д. Пратеникот Бојан Стојаноски денеска обвини и дека тендерот од 22 милиони евра е местен од страна на власта за Конзорциумот во чиј состав е ЕПТИСА, која е претходно прогласена од истата влада дека работела незаконски, неетички и несоодветно.
Најновите документи кои дојдоа до нас говорат дека Електра Солушнс, на 30 годишниот Андон Ампов, која е составен дел од Конзорциумот која го добива тендерот од 22 милиони евра, добива лиценца за надзор во тек на постапката за избор на надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д. Ова е Лиценцата која Министерството за транспорт и врски и ја издава на Електра Солушн на ден 03.10.2022 година, што е 3 недели откако е распишан јавниот повик за избор на надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д, изјави пратеникот Стојаноски.
Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела порача да се пријави секаков сомнеж или информации во однос на интегритетот на вработени, подизведувачи, субконтрактори.. вклучени во инфраструктурниот проект.
Владата минатата година потпиша меморандум за соработка со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и негово номинирање за стратешки партнер за овој проект.
Како што соопшти Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците Коридорот 8 е долг 68 километри, со автопат со шест ленти, од Тетово до Гостивар, Кичево, преку Струга до Ќафасан, додека Коридорот 10-Д од Прилеп до Битола е долг 40 километри и има исто така шест ленти, со период за изградба од три години од почетокот на работите.
Според нив реализацијата на оваа капитална инвестиција ќе придонесе за за економијата, модернизација на патната инфраструктура, што во иднина, како што посочија, ќе овозможи дополнителен развој на услугите, подобри услови за развој на бизнисот, но и поквалитетен живот, врски со соседите и меѓународните коридори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.