Фондот за здравство тврди дека воопшто не би известен дека Леонид Индов со хеликоптер ќе биде префрлен на лекување во Австрија.
ФЗОРСМ од првиот момент со внимание го следи случајот на Л.И. од неговата хоспитализација во Грција, од каде е донесен на ЈЗУ КАРИЛ, па сѐ до поднесување на барањето за упатување на лекување во странство.
Во овој момент во Фондот се водат две одделни постапки.
Првата е отпочната уште во септември 2023 година и за неа има отворен предмет кој што сѐ уште е во тек заради некомплетно доставенa медицинска документација, за која е испратено официјално барање до подносителите, меѓутоа неопходната документација за одлучување сѐ уште не е доставена.
Од септември 2023 година, пациентот е префлен на ЈЗУ КАРИЛ од каде на сопствена иницијатива на семејството е однесен со медицинско возило во приватна болница, со која ФЗОРСМ нема склучено договор за типот на здравствени услуги кои се пружени, а каде престојувал сѐ до моментот кога на 6.2.2024 година со хеликоптер бил транспортиран во здравствена установа во Австрија, се вели во соопштението на ФЗОМ.
Оттаму додаваат дека ФЗОРСМ ниту бил известен, ниту пак учествувал во организацијата за транспортот со хеликоптерот со кој пациентот замина во здравствена установа во Австрија, на иницијатива на семејството.
По однос на донесената Одлука од страна на Првостепената комисија на ФЗОРСМ, важно е да се напомене дека истата постапи по документацијата што беше доставена со барањето, како и по документацијата што дополнително ја обезбеди по службена должност. Одлуката е донесена како резултат на фактот што самиот Предлог за упатување во странство воопшто не содржи конкретна насока за вид на интервенција која е потребно да се изведе при лекувањето во странство, туку истиот содржи само општи процедури за рехабилитација.
Дополнително, предложениот вид на третман од страна на центарот во Австрија се однесува на здравствени услуги од областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација.
Постапувајќи по барањето, Првостепената комисија на ФЗОРСМ носи негативната одлука.
Осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во Републиката, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување.
Осигуреното лице под условите утврдени во ставот 1 на овој член, може да користи во странство и здравствени услуги на контролни прегледи кои се однесуваат на веќе извршено болничко лекување во странство, одобрено од страна на Фондот, а кои не можат да се извршат во Република Македонија.“
Дополнително, согласно член 44 став 3 од Правилникот за начинот на користење на здравствени услуги на осигурените лица во странство („Сл. Весник на РСМ“ бр. 234/22) стои:
„Осигуреното лице на кое клиничкиот конзилиум од соодветната Универзитетска клиника во Скопје му издал предлог за упатување на лекување во странство со цел спроведување на дијагностичка постапка, контролен преглед пред извршување на болничкото лекување, контролни прегледи по завршување на болничкото лекување за кои осигуреното лице не спровело постапка пред Фондот, за лекување кое не е базирано врз усвоена медицинска доктрина и медицина базирана на докази, како и за лекување кое се наоѓа во фаза на клиничка студија и специјализирана медицинска рехабилитација, нема право на надомест на трошоците на товар на Фондот, согласно одредбите од овој Правилник.“
Според овие законски и подзаконски одредби, Фондот може да упати осигуреник само на болничко лекување и контролен преглед по одобрено болничко лекување во странство, но не и на медицинска рехабилитација.
Дополнително, сакаме и да потенцираме дека Одлуката на Фондот со која се одбива барањето за упатување во странство, сѐ уште не е конечна, велат од ФЗОМ.
Со добивање на решението, странката е известена за редовните правни патеки кои истата може да ги искористи во управната постапка која што ја води Фондот.
Во согласност со позитивната законска регулатива, странката при користењето на правните средства има право да поднесе докази и дополнителна медицинска документација за која цени дека можат да влијаат на постапката, а со која би ја оспорил веќе донесената одлука на Фондот, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.