ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за судијата Пајазити, за кого велат, го пушти Блерим Рамадани да избега, заради судиите од СДС и ДУИ народот има 2% доверба во судството.
Од партијата велат дека се додека судиите на СДС и ДУИ палат и гасат во судството нема да има правда.
Потребни се итни и коренити промени. Потребно е распуштање на Советот на јавни обвинители и Судскиот совет.
Иџет Мемети беше заменик претседател на Советот на јавни обвинители, призна дека земал поткуп, исто и Наќе Георгиев, Врховен судија и член на Судски совет. И двајцата се истурени експоненти на СДС и ДУИ.
Пајазит Пајазити, близок до ДУИ му досуди на Иџет Мемети условна казна затвор, а претходно дозволи Блерим Рамадани да избега. Кадрите на ДУИ и СДС го рушат системот. Распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители мора да има. Одговорност мора да има, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.