„Вие живеете во времето на нашата генерација, а нашата генерација живее во времето на вашите одлуки“, „Ние ќе бидеме утре студенти“, „Бидете во чекор со генерацијата“ – со овие пораки денес на студентскиот марш ОДАСС – Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите, заедно со студентските собранија, побара подобар средношколски и студентски стандард и изрази поддршка за сите средношколци и студенти во земјава.
Овој пат рамо до рамо со студентите, средношколците по вторпат по Националниот средношколски самит 2022 се изјаснија за своите заложби за подобар образовен систем, нивното вклучување во процесите во државата и барањата да бидат слушнати.
ОДАСС е секогаш на страната на средношколците и студентите, бидејќи ова е заедничка борба, па ги повикуваме носителите на одлуки да бидат во чекор со генерацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.