Под мотото „Сплотени до целта” во салата на Советот на Општина Кисела Вода, а во организација на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ се одржа дебата посветена на Неделата на сестринство на која присуствуваа претставници на здруженијата на медицински сестри и други медицински профили.

Од земја расадник на квалитен медицински кадар до земја на аматери во сестринството. Од земја лидер во сестринските практики до земја со најголема смртност во периодот на пандемијата. Од најпочитувана, до најдеградирана професија.
Можеме да молчиме и да гледаме стихијно како тонеме, но можеме да го одбереме и другиот пат сплотени сите професионалци со средно, високо образование, специјализации, магистри или доктори на сестрински науки,како и нашите логопеди, физиотерапевти, ртг технолози, биотехнолози, лаборанти, акушерки да ги обединиме нашите барања и со заедничка платформа да настапиме пред надлежните институции, рече Анита Димовска, специјалист по семејна и патронажна грижа.

Медицинската сестра Снежана Исаковска, потенцираше на итноста за донесување на Закон за медицински сестри.

Условите за работа на медицинските сестри се потпросечни. Потребно е зголемување на коефициентот на плата со оглед дека во моментов платите на медициските сестри се демотивирачки, или се близу минималната плата, потенцираше таа.

Според Гоце Марков, специјалист по семејна нега и патронажна медицина, иако медицинските сестри и техничари се вклучени во примарно, секундарно и терциерно ниво и поминаа тежок период во ковид-кризата, тие сè уште не се соодветно вреднувани.

Нема довлно медицински сестри и техничари, нивната бројка е алармантно ниска, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.