Здравствените власти не ги предомислија матичните лекари затоа од утре го почнуваат тридневниот протест. Ќе бидат во нивните ординации, но нема да издаваат упати и рецепти, ќе прегледуваат само итни пациенти. Главните барања на Здружението на приватни лекари поради кои 4-ти пат годинава протестираат се зголемување на капитациониот бод, односно повеќе пари од државата поради високата инфлација и пациентите да се водат на ординацијата, а не кај матичниот лекар.

Замолуваме да ни кажат која е вистинската причина и зошто сме игнорирани, вака на ни еден матичен, специјалист од приватното здравство, за руралните, за лабораториите за целото приватно здравство 5 години никој не спомнува ништо. Последен пат сме спомнати во 2018 година кога со одлука на Влада беше покачен капитациониот бод. Ако има некоја друга позадина и причина колегите бараат да знаат и да си го бараат чарето, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Протестот не го подржуваат од здружението на лекари по општа и семејна медицина. Од ЗЛОМ – СМ велат дека дел од барањата кои заеднички ги креирале со ЗПЛРМ исчезнале. Сега поголем фокус бил ставен на повозрасните наместо на младите доктори. Од оваа здружение бараат специјалистите по семејна медицина да имаат повеќе ингеренции, да можат да даваат повеќе услуги на примарно ниво и измени на моделот на капитација.

Наследување на концесиите, како еден од основниот модел кој ќе ги обезбеди младите лекари кои работат кај концесионер, по пензионирањето да можат да работат во тие ординации. Загарантирани плати за младите матични лекари. Со самото зголемување на капитацијата не секој газда обезбедува и повисока плата за своите вработени лекар/сестра за достоен жвот, изјави д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ – СМ.

Министерот за здравство пред неколку дена изјави дека не го подржува протестот на матичните бидејќи пациентите не смееле да трпат поради незадоволството на лекарите и повика проблемите да се решаваат на маса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.