Арбен Таравари, Максим Димитриевски и Стевчо Јакимовски влегоа во трката за шеф на државата од позиција на актуелен градоначалник.

Од 63,59% обработени гласачи Арбен Таравари води во две општини, Гостивар со 8034 гласа или речиси 200 повеќе од Бујар Османи, кој има освоено 7849, и во Брвеница со само 1 глас предност.

Изненадувачки, во Куманово предност има Бујар Османи, кој со 3.679 освоени гласови има 630 гласа повеќе од актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, кој има освоено 3.048 гласа.

Во меѓувреме Стевче Јакимовски призна пораз на овие избори. Во матичната општина Јакимовски освои само 1.366 гласа, 8300 помалку од првопласираната Гордана Силјан овска Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.