Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во рамките на својата турнеја низ регионот, која ги опфаќа и Хрватска, Бугарија и Албанија, денеска ќе престојува во Скопје.

Вархеји претходниот ден беше во Софија каде што имаше средби со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска. Во Софија учествуваше на конференција за зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ, насловена „ЕУ се среќава со Балканот. Лекцијата од Украина: Европското проширување – заштита од војна“.

Вархеји притоа изјави дека процесот на европска интеграција на Западен Балкан мора да се забрза и посочи дека е „крајно разочаран“ што не е решено прашањето за почеток на преговорите на Скопје за членство во ЕУ. Еврокомесарот Вархеји и кон крајот на минатиот месец беше во Софија на разговори со бугарскиот премиер Петков, со главен акцент врз дијалогот на Бугарија со Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.