После 17 години чекање, денеска нашата татковина започнува пристапни преговори со ЕУ, велат од СДСМ.

Ова е историски ден и нов голем успех за сите наши греѓани. Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски ја предводи македонската владина делегација во Брисел која во Советот на ЕУ ќе уечствува на првата меѓувладина конференција.

Советот на Европската Унија синоќа даде зелено светло Cеверна Македонија да ги започне пристапните преговори со ЕУ а официјално преговорите за полноправно членство започнуваат токму со денешната меѓувладина конференција.

Она што за македонскиот народ е особено важно, почнуваме преговори со ЕУ како Македонци, со заштитен македонски јазик, идентитет, историја, култура и посебност.

Честитки до сите граѓани! Македонската иднина е европска!, велат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.