Регулаторната комисија за енергетика, одлучи од полноќ да поскапат горивата.

ЕУРОСУПЕР 95 поскапува за 1,5 денар, и од утре ќе се продава по цена од 84,5 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 98 поскапува за 2 денари, и според новата цена ќе се продава по 87 денари по литар.

Поскапува и ЕУРОДИЗЕЛ за 2 денари, и од утре ќе се продава по малопродажна цена од 74 денари по литар.

Поскапува и цената на екстра лесното масло за 1,5 денари, и ќе се продава по 73 денари. Мазутот се зголемува за 0,5 денари и од утре ќе се продава по цена од 41,1 денар по литар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.