Одговорно им тврдам на пациентите, откако сум јас директорка на Клиниката за радиотерапија и онкологија, од ноември 2022 година, секој пациент ја добива препишаната терапија согласно индикацијата, дозата, типот на лекот според тоа што неговиот соодветен лекар тоа ќе го постави, без никаква манипулација со лековите, изјави на денешната прес-конфренција д-р Виолета Клисаровска.
Во петокот, врз основа на судска наредба, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР извршија претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје. Како што денеска информираат од Јавното обвинителство, акцијата е спроведена врз основа на наводи во новинарски текстови поврзани со работата на Клиниката.
Во врска со постапката која е во тек и за која сите сте запознаени, ве уверувам дека како организациски тим ние сме целосно достапни на надлежните и истражните органи со цел за брзо откривање на виновниците, изјави д-р Клисаровска.
Таа апелираше надлежните институции, да донесат одлука и ако има виновници истите да ги именуваат.
Стручниот колегиум на Клиниката најостро осудува секое несовесно и нестручно работење со молба и апел кон сите надлежните и медиумите да не се генерализира проблемот. За нашата клиника ова е од непроценлива, огромна важност. За да се офтрли т.н. колективна вина која сега се наведнува над целата наша институција, односно над целиот медицински тим што ја руши довербата пациент – лекар што директно се одразува врз здравјето на граѓаните, рече д-р Клисаровска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.