После Рашковски, најдобриот другар на Заев, и кумашинот на Заев Мухамед Зекири, фатен во криминал. Заедничкото за овие двајца освен што се луѓе од доверба на Заев, беа и генерални секретари на владите на заевизмот. Веројатно шемата е иста, преку матни зделки милиони народни пари да се одлеваат во приватни џебови. Еден Рашковски заменет со друг Зекири и двајцата фатени во апашлук, пишува во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека додека Зекири прави милионски зделки со партнери од Хрватска, вработените во Македонска пошта не земаат редовно платаа.
За возврат добиваат “семинарски труд“, комдентираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како и Рашковски, така и Зекири ова не го правеле на своја рака, туку зад ова седи ликот кој е капо ди тути капи на мафијата.
Ете затоа народот осиромашува, а елитата на власт од СДСМ и ДУИ продуцира милионери од обични голтари.
Следниот пат кога владата на СДСМ и ДУИ ќе убедуваат дека нема пари за поголеми плати на наставниците и дека тоа ќе предизвика инфлација, нека одговорат како милиони евра завршуваат на софтвери, студии, матни зделки и набавки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.